Пет починати, 88 новозаразени и 135 оздравени од Ковид-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19, односно 45 во Скопје, 7 во Прилеп и Струмица, 6 во Тетово, 4 во Куманово, по 3 во Струга, Охрид и Кочани, по 2 во Битола, Крива Паланка и Кичево и по 1 во Штип, Гостивар, Македонски брод и Виница.

Починати се пет лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 135 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните.

Направените 1618 теста се преку ИЈЗ-216, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-323, Биотек-282, МАНУ -149, Жан Митрев (Филип Втори)-213, Систина со PCR метода -192, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-55, лаборатории од странство-0.

Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 162, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19, а во последните 24 часа се направени 1618 тестирања.

Филипче: Со крајот на летото состојбата со Ковид-19 се влошува, размислуваме за нови мерки