Палестинка што работи со деца бегалци ја освои наградата за најдобра учителка

Палестинката Хана ал Хроуб која израснала како бегалка и сега ги учи децата на бегалците ја освои светската награда „Global Teacher Prize“ од 1 милион долари за својата работа.

Таа е учителка на децата што живеат во близина на палестинскиот град Рамалах и беше предложена за престижната награда која се доделува по втор пат за постигнувања и квалитет на работата на учителите ширум светот. Наградата ја објави самиот Папа.

„Се чувствувам неверојатно и се уште не можам да поверува дека Папата го изговори моето име”, изјави Ал-Хроуб за Асошиетед прес, а пренесе „Индепендент“.

„За еден Арап, палестинскиот наставникот да може да зборува за светот денеска и да стигне до врвот во учителствувањето е пример за сите наставници во светот.”

Во својот говор улителката од Палестина ја повтори својата девиза „Не за насилство“ и зборуваше за важноста на дијалогот.

„Јас сум горда што палестинска учителка стои на оваа бина”, објави ББС. Таа вети дека ќе се потроши парите од наградата за стипендии за студентите кои сакаат да станат наставници.

Хана ал Хроуб израснала во палестинскиот бегалски камп во Витлеем. Таа почнува да држи настава откако нејзините биле сведоци на убиство на патот од дома од училиште, што ја натерало да почне да размислува за тоа како наставниците можат да им помогнат на децата кои се преживеале траума.

Таа ги едуцира децата за ненасилство и има напишано книга насловена „ Играме и улиме“, која се фокусира на важноста на играта, довербата, почитта, искреноста и писменоста. Нејзината победа доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Израел и Палестина, каде што неколкумесечното насилство доведе до смрт на 28 Израелци и двајца Американци од палестински цивили, додека израелските сили убиле најмалку 179 Палестинци, од кои за поголемиот дел се тврди дека биле напаѓачите.

Учителката од Палестина беше една од 10 финалисти кои отшатуваа на одржувањето на церемонијата во Дубаи. Другите финалисти за наградата на Фондацијата Варки (Varkey Foundation) се од Австралија, Финска, Индија, Јапонија, Кенија, Пакистан, Велика Британија и САД.

На претходниот натпревар на Фондацијата во 2014 година имаше и претставник од Македонија. Наставничката која предава во селото Ивањевци во општина Могила, Весела Богдановиќ беше прогласена за една од 50 најдобри наставници во светот.