Oтворено писмо до Канаѓаните на новоизбраниот премиер Justin Trudeau

Откако ја положи заклетвата со која стана 23-от премиер на Канада и ги избра членовите на Владата, Justin Trudeau објави отворено писмо до сите жители на Канада.

„Мои драги пријатели,

Денес го имав задоволството да го соопштам нашиот тим на исклучителни Канаѓани кои ќе служат како министри во нашата нова влада. Како Канаѓани, очекувате да видите одраз на вашите вредности и приоритети во вашата влада, и ние ве слушаме. Нашиот силен, разновиден и искусен тим ќе им служи на сите Канаѓани, и за прв пат во историјата на нашата земја, ќе има еднаков број на жени и мажи околу масата на Кабинетот.

Во текот на кампањата, ви ветивме влада која ќе донесе вистинска промена, и во нештата кои ги правиме и во начинот на кој ги правиме. На денот на изборите, испративте јасна порака, и со право очекувате од нас да ги исполниме нашите ветувања.

Денес ви пишувам вам, за повторно да ја потврдам мојата посветеност да ги поминам наредните четири години работејќи тешко да ги исполнам тие ветувања. Време е за лидерство кое никогаш нема да цели да ги дели Канаѓаните, но ја користи секоја можност да нé спои заедно, вклучувајќи го и Парламентот“, напиша 43-годишниот либерален премиер.

Неговиот кабинет се состои од 30 членови, од кои 15 мажи и 15 жени. На прашањето зошто се одлучил на ваков потег, Trudeau едноставно одговори: „Затоа што е 2015 година“.

Во писмото напиша и дека „е време за обновена врска со домородните луѓе на Канада, врска која ќе се основа на препознавање на правата, почит, соработка и партнерство“.

„Не само што тоа е правилната работа која треба да се направи, туку е и сигурна патека до економски развој“, напиша Trudeau.