Во владата на Канада за првпат седат ист број жени и мажи

„Затоа што е 2015 година“ – кусо одговорил новиот премиер на Канада Justin Trudeau на прашањето зошто во неговата нова влада ќе седат подеднаков број мажи и жени.

Згодниот и насмеан, 43-годишен либерален премиер и неговиот кабинет од 30 членови (по 15 мажи и жени) дадоа заклетва вчера, а на канадското политичко небо ова е преседан. За споредба, во 16-члениот кабинет на американскиот претседател Obama има само четири жени (25%).

Новата канадска влада не е само родово разновидна – во неа седат и министри чиј избор ја отсликува мултиетничката слика во државата, а на инаугурацијата, Trudeau рече и „сакам да и претставам на Канада влада што изгледа како Канада.“