Отворена книга на жалост во Француската амбасада

Амбасадата на Франција денеска отвори книга на жалост за да им се оддаде почит на жртвите на терористичките напади во Париз, во кои загинаа над 150 лица. Книгата ќе биде отворена од денеска до 18 ноември, од 10:00 до 13:00 часот во Амбасадата на Франција.

Во Франција и во повеќе други земји денеска во 12:00 часот ќе се одржи едноминутно молчење во чест на настраданите во Париз. Амбасадата на Франција се приклучува кон тој молк и ги поканува сите да се придружат.

Под паролата „Бегалци без граници“ во саботата се одржа „Марш на толеранцијата“ посветен на бегалците, но и на загинатите во нападите во Париз, со француската амбасадорка Лоренс Оер во прв ред.