Франција ги затвора границите по нападот, парижаните го активираа хаштагот #porteouverte

Франција прогласи вонредна состојба и ги затвори границите откако над 60 лица беа убиени во нападите кои вечерва се случија во Париз. Како што јавуваат светските медиуми, најмалку 15 лица се убиени во концертната сала Bataclan, за време на настапот на американската група „Eagles of Death Metal“ каде вооружени лица држеле десетици заложници. Полицијата убила неколку од напаѓачите, објавија француските медиуми.

Другите напади се случија во близина на стадионот „Stade de France“за време на фудбалскиот натпревар меѓу Франција и Германија, како и во ресторан во центарот на градот.

Властите побараа жителите на Париз да останат дома. За време на нападите парижаните почнаа да го користат хаштагот #porteouverte (отворена врата) за преку социјалните мрежи да известат дека имаат сигурно место за сместување во текот на ноќта за луѓето што се заглавени на улиците во Париз.

Најголем дел од пораките се „Јас сум дома , во овој реон, контактирајте ме ако ви треба место каде да одите“.

Сите училишта кои работат во сабота утре ќе останат затворени.