Отворен конкурс за средношколци наратори на „Самоглас“

Здружението за афирмација на уметност- Флуктус – Скопје, во рамки на проектот „Средношколци наратори на Самоглас“, распишува конкурс за двајца наратори на аудио книги.

„Самоглас“ е веб платформа која нуди пристап до аудио библиотека од над шеесет наслови. Дополнителен поттик во креирањето на „Самоглас“ беше идентификацијата на потребата на средношколците за користење на аудио книги. Овој конкурс е отворен за сите средношколци од средните училишта на територија на РСМ. Сите заинтересирани ќе треба да ја пополнат електронска форма која може да се најде на следниов линк “, велат од „Самоглас“.

Оттаму дополнуваат дека конкурсот ќе биде отворен до 19 јуни 2021 година.

Добиените снимки ќе бидат оценети од страна на тричлена стручна комисија, а информациите за избраниот наратор ќе бидат објавени најдоцна до 30 јуни.

По објавување на резултатите, избраниот средношколец ќе започне со бесплатен подготвителен курс, по кој следи снимање на делото во професионално студио.

Секој може бесплатно да ужива во аудио библиотеката преку креирање на кориснички профил на www.samoglas.mk или преку користење на мобилните апликации на „Самоглас“, достапни на „AppStore“, „PlayStore“ и „AppGallery“.