Отворен е вториот рок за аплицирање за субвенциониран студентски оброк

Од денес (1 септември) до 5 септември е отворен вториот рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк за академската 2023/24 година, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).

Студентите од втора и повисоките години, кои го пропуштиле првиот рок за аплицирање може да се пријават преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а по завршување на рокот за пријавување, тие ќе бидат соодветно.

Потоа, согласно новите правила за субвенциониран студентски оброк, кандидатите на кои ќе им биде одобрено правото ќе од Шпаркасе банка ќе бидат повикани да склучат договор за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка преку која единствено ќе можат да ги користат средствата.

Од МОН соопштуваат дека аплицирањето за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар ќе трае од 27 септември до 2 октомври.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон и претставува финансиска поддршка за студентите во износ од 140 денари дневно наменети за купување храна. Според условите на МОН, право на аплицирање имаат сите студенти кои се државјани на Република Северна Македонија, редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по било кој основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.

Со почетокот на претстојната академска година студентите кои го остваруваат правото на студентски оброк ќе добијат наменска платежна картичка со дневна сума од 140 денари што може да ја користат од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

МОН: Студентите од октомври ќе добијат платежна картичка за студентски оброк