Отворен час во чест на професорот Георги Констатиновски

Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира отворен час
„Во чест на Професорот Георги Констатиновски“.

Настанот ќе се одржи утре, среда (16. декември) со почеток во 11:00 часот преку платформата Мајкрософт Тимс. Сите кои сакаат да го следат, ќе може да се приклучат на средбата преку следниов ЛИНК.

Георги Константиновски, еден од најзначајните архитекти на македонската архитектура. Ќе остане запаметен како авторот на објектите на Архивот на Град Скопје, Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Домот за рекреација во Катлановска бања, Меморијалниот комплекс АСНОМ во Пелинце, како и Спомен Домот на Разловечкото Востание во Пелинце, Домот на печат во Приштина, но и многу други.

Почина минатата недела, на 90-годишна возраст.