Отворање на изложбата “Кои сме ние?“ со кратка историја на Ромите

Утре (13 април) во Ист Гејт ќе се отвори изложбата насловена „Кои сме ние?“ во организација на Институтот за истражувања и политички анализи – Ромалитико.

Оваа изложба е прва од овој карактер на која посетителите ќе можат да дознаат нешто повеќе за историјата на Ромите, бројот на Ромите низ државите во светот, најважни датуми за Ромите кои се одбележуваат секоја година, светски познати ѕвезди кои имаат ромско потекло, факти за денот 8 април, културата, јазикот и традицијата на Ромите и мини ромски речник со зборови и нивен превод.

Официјално изложбата ќе биде отворена во 15 часот, а ќе биде поставена за јавноста до 7 мај 2023.

Повеќе информации можете да најдете на официјалната Фејсбук страница на настанот.