Самостојната изложба насловена „En Plein Air“ од архитектката и визуелната уметничка Симона Мирчевска се отвора денеска, 3 септември, со почеток во 20 часот во Културен центар „Магазата“ во Битола.
„Изложбата опфаќа апстрактни пејзажи од Пелистер, настанати in situ, на лице место под отворено небо, како обид да се долови вистинитоста и автентичноста на природата и моментот. Со овој проект во Битола, под Пелистер, се залагам за развој и дисперзија на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот на локално ниво, како и за создавање услови за рамномерен културен развој во нашата земја“, вели Мирчевска.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам на Македонија во рамки на Програмата за проекти за 2025 година.
View this post on Instagram