Студенти по археологија од Универзитетот Кембриџ, за време на теренска обука во рамки на основните студии, направиле неочекувано и вознемирувачко откритие на периферијата на градот. При ископувањата, тие наишле на масовна гробна јама која датира од 9 век, најверојатно настаната по битка, масовна егзекуција – или комбинација од двете.
Во јамата биле пронајдени остатоци од најмалку 10 лица, утврдено според бројот на черепи. Се работи за млади мажи, чии тела биле фрлени без ред, што укажува на насилна смрт. Некои скелети биле целосни, додека други биле делумно или целосно распарчени – вклучувајќи групи черепи без тела и насобрани екстремитети. Кај дел од телата има индикации дека биле врзани.

Гробница од време на судири меѓу Саксонци и Викинзи
Локацијата Вандлбери, каде се случило откритието, била погранична зона меѓу саксонската кралска држава Мерсија и Источна Англија, која била под викиншка контрола кон крајот на 9 век. Археолозите сметаат дека гробницата е поврзана со долгогодишните конфликти меѓу Саксонците и Викинзите.
Меѓу највпечатливите наоди е скелет на млад човек висок околу 195 сантиметри – исклучително висина за тоа време. Неговиот череп има јасни знаци на трепанација, древна хируршка интервенција, а трагите укажуваат дека преживеал извесен период по зафатот.
Археолозите истакнуваат дека ваква комбинација на распарчени и цели тела е ретка дури и за масовни гробници и укажува на екстремно насилство. Следните анализи, вклучувајќи ДНК и изотопски испитувања, треба да утврдат дали станува збор за саксонски или викиншки жртви и да дадат појасна слика за трагичните настани што се одиграле на ова место.
Извор: University of Cambridge



