Осми ден од окупацијата, студентите остануваат на Софискиот универзитет

Осми ден од окупацијата, студентите остануваат на Софискиот универзитетОсми ден по ред продолжува студентската окупација на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски ” . Околу 200 студенти ја поминале ноќта во ректоратот на најголемиот факултет, пишуваат бугарските медиуми.

Студентите пред пет дена ја зазедоа зградата на Ректоратот на Софискиот универзитет . Во декларацијата побараа за оставка на владата и предвремени парламентарни избори. Велат дека повеќе од 300 професори се потпишале за поддршка на акцијата.

Од прес-центарот на Софискиот универзитет информираат дека продолжуваат разговорите на раководството на универзитетот со претставници на демонстрантите – студенти. Настава и денеска нема само во амфитеатарот на Ректоратот , додека во останатите предавални тече наставата.

Утринава дел од студентите блокираа улици со порака дека нема да се откажат лесно од протестите .

Флашмобот на студентите на десетина минути го блокираше и еден од главните булевари во Софија. Студентите носеа транспаренти „Будни сме ” и извикувајќи „Оставка ” и „Ранобудните студентите”, пренесуваат локалните медиуми.

Во поддршка на студентите се обновуваат и утринските протести пред Собранието на Бугарија, кои траеја цело лето.

„ Веруваме во учениците и во нивната способност и право на ефективна граѓанска непослушност . Ги поддржуваме нив и се соочуваме лице в лице со нелегитимната власт. Сите имаме право на протест . Да го претвориме тоа во граѓанска должност ” , повикуваа организаторите на утринската демонстрација , наведува весникот „ Стандард ” .

Протестот  добива се поширока поддршка . Вчера до иницијаторите од Софискиот универзитет се приклучија и студенти од повеќе универзитети ширум Бугарија.

Ноќта вчера минала мирно и без провокации.  Студентскиот совет до Медицинскиот универзитет – Софија денас пак организира референдум на кој студентите ќе треба да гласаат ” за ” или “против” окупацијата на универзитети како форма на протест.

Според претседателот на Советот на ректорите и ректор на Медицинскиот универзитет во Софија,  професорот Вањо Митев, загрижувачки е фактот што демонстрантите- студенти имаат политички барања.

„Тука станува збор за политички барања . И сите ректори сме согласни дека за ова нема место на универзитетите. Политика не може да се води на универзитетот и тоа е утврдено со законот ” , коментира професорот.

На 23 октомври студентите го зазедоа најголемиот амфитеатар на Софискиот универзитет, кога и започнаа студентските демонстрации.