Студентите го окупираа Софискиот универзитет

Студентите ја окупираа сала 272 – најголемиот простор на Софискиот универзитет за време на предавањето на претседателот на Уставниот суд, Димитар Токушев . По доаѓањето на учениците Токушев го напуштил предавањето .

Студентите го окупираа Софискиот универзитетПланот на студентите е да останат во ректоратот до петок и на тој начин да го блокираат. Сите предавања се откажани, а тие најавуваат дека во 15 часот ќе биде „окупиран“ и амфитеатарот во Новиот бугарски универзитет .

Акцијата ја води групата „Ранобудни студенти” , кои инсистираат на оставка на владиниот кабинет „Орешарски ” . Таа е продолжение на акцијата од минатата недела во Собранието , кога тројца студенти изнесоа транспарент „Како не ви е срам” .

Студентите го окупираа Софискиот универзитетДемонстрантите влегле во салата , откако почнало предавањето на Токушев .

„Ние сме студенти , секој со своите наставни и работни обврски. Имаме опасна навика да кажуваме што мислиме . Навикнати сме да ја сакаме вистината, а чест ни е да судиме според делата , а не според зборовите” , пишува во соопштението.

„Време е да добиеме одговори. Време е да живееме во вистинска демократија и во општество во кое знаењето се цени” , се додава во текстот .

Некои од учениците се револтирани од тоа што предавањето им било прекинато , бидејќи “платиле да учат ” . Други  20-30 бруцоши ги поддржале демонстрантите – колеги и останале во публика.

Сепак неколку студентки од друго предавање се вратиле во публиката прашувајќи зошто младите си дозволуваат да протестираат на универзитетот. Според нив барем акцијата била навредлива за професорот Токушев .

Како што пренесува бугарски Дневник, една од девојките која сакала да остане анонимна изјавила дека протестот треба да биде на улица. Девојката мисли дека не може да се промени системот во универзитетот и со слични акции , но не кажа како треба да се случат работите .

Младите кои демонстрираат се од различни факултети за „Дневник ” велат дека повикуваат луѓе и од други универзитети да направат нешто слично . Нивната идеја е да нема предавања во најголемата сала за публика , која главно се користи од Правниот факултет .

Во времето на „окупацијата“ ќе се водат дискусии , ќе се проектираат филмови,  а студентите ќе се менуваат на смени. Веќе имаат напишано правила , а ќе има и ноќни дежурства за да остануваат барем по 15-20 студенти во салата.

Студентите го окупираа Софискиот универзитетМеѓу правилата испишани на таблата се : „без алкохол и цигари , без луѓе во пијана состојба, без политичка агитација , без насилство и нарушување на редот , да сме солидарни со барањата , да се почитуваат правилата. ”

Учениците извадија голем транспарент „Окупација” пред амфитеатарот.

Тие разговараа дека ќе ги поканат, за некоја од дискусиите, дел од професорите од кои неколкумина веќе потврдиле учество.

Околу 13 часот во салата кај нив дојде професорот Георги Близнашки – професор по уставно право и поранешен пратеник. Тој рече дека се гордее со студентите.