Општина Карпош: Спорната гаража е дивоградба на јавна површина

Општинарите од Карпош тврдат дека времениот објект – гаража на улица „Букурешка“ 35 во Тафталиџе 1, за која деновиве локални граѓани иницираа протест, е поставена на јавна пристапна патека. Гаражата ја карактеризираат како дивоградба.

Жители на Карпош ја обвинија локалната власт дека за обид за насилно уривање на гаражата на соседот Петковски со цел изградба на поголем пат за поранешниот министер Спиро Ристовски. Општината, пак, вели дека на местото на гаражата се наоѓа на патека од 3,5 метри, предвидена според  важечкиот ДУП план донесен на 5 мај 2016 година, како и стариот ДУП за Тафталиџе 1 Север-Југ од 8 јуни 2012 година.

Георги Петковски на 1.09.2011 година поднел барање за легализација на времениот објект (кој како таков е утврден уште во 2015 година од страна на Комисијата за утврдување на бесправно изградени објекти)-гаража на улица Букурешка бр 35. После поднесувањето на барањето за легализација во меѓувреме, гаражата дополнително е доградувана, покриена со салонит и на неа е ставена врата. Ваквото барање за легализација на 3 март 2017 е одбиено врз основа на основа на позитивните законски прописи, односно врз основа на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Според тој Закон, бесправни времени објекти, освен времени објекти наменети за домување (што во случајов не е гаражата) не се предмет на легализација согласно Законот за легализација“, соопштуваат од Општина Карпош.

Дополнуваат дека овластениот општински градежен инспектор на после неколку вонредни и контролни инспекциски надзори на 13 јуни годинава дефинитивно носи Заклучок за дозвола на извршување, односно решението за уривање на гаражата дивоградба станува извршно.

„Решението со кое се одбива легализацијата на гаражата, инвеститорот Марија Петковска го обжалува, но жалбата и е одбиена од страна на Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски. Жалбата не го одложува извршувањето“, се вели во соопштението од Карпош.