Оперската претстава „Рита“ од Гаетано Доницети во НОБ

Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет, во среда на 1 февруари во 20 часот.

„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток.

Диригент е Ѓурѓица Дашиќ, режисер е Трајко Јордановски, сценографијата и костимите се на Марија Ветероска, а концерт мајстор е Игор Тодоров.

Солистичка екипа ја сочинуваат: Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Ернес Ибраимовски и Борко Биџовски.