„Опасен“ АИ генерира зборови кои не постојат

Новиот „АИ“ е создаден за да генерира зборови кои не постојат. На вебсајтот се создаваат нови зборови, генерирани преку вештачка интелигенција.

ThisWordDoesNotExist.com генерира нови зборови како „вакамоле“ (ново јадење), „пилсет“ (форма на материја), или пак, „прејмен“ (општествен или корпорациски лидер).

Преку овој сајт, корисниците можат да создадат нов збор само преку еден клик.

Вебсајтот бил создаден од девелоперот Томас Димсон од Сан Франциско, кој работел на познатиот алгоритам на „Инстаграм“.

Вештачката интелигенција која создава нови зборови е базирана на „Трансформерс“- алгоритамот кој го процесира природниот јазик и јазичната рамка „ГПТ-2“ – алгоритам кој се „храни“ со текстови и користи информации за да ги предвиди зборовите кои следуваат, со што создава текст кој е скоро споредлив со текст кој е напишан од човек.

„ГПТ-2“ се стекна со статусот „опасен за објавување“, но истражувачите решија да го направат достапен за употреба.

Сајтот работи преку неговата датабаза од осум милиони сајтови, прогласени за популарни од страна на социјалните мрежи како „Редит“. Алгоритмите можат да детектираат во кои случаи зборовите се употребуваат заедно во реченица и користејќи ги тие информации, можат да генерираат нови зборови и реченици.

Како и секоја вештачка интелигенција, овој систем не е совршен. Преку ситен текст во долниот дел на сајтот се соопштува дека „зборовите не се прегледувани и можат да рефлектираат пристрасност.

Извор: Independent

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.