Онлајн работилница за социјални бизниси: Иновираме заедно

Јунус центарот за социјални бизниси при Економски факултет – Скопје, Опсерваторија за социјално претприемништво и Факултетско Студентско Собрание – Економски Факултет организираат онлајн работилница за социјално претприемништво која ќе се одржи на 19 мај (среда), 21 мај (петок) и 26 мај (среда) во периодот од 17 до 20 часот.

„Иако во последно време интересот за социјални претпријатија бележи значаен раст, поимот не секогаш е доволно јасен“, велат организаторите во најавата заа работилницата.

Тие потенцираат дека од големо значење за социјалните бизниси се и младите луѓе кои се катализатори на иднината и имаат можност сами да го создадат светот во кој сакаат да живеат.

Во програмата, за првиот ден е најавена темата „Во светот на социјалните бизниси“. Вториот ден фокусот ќе биде на „Развој на социјална бизнис идеја“, додека третиот за
„Моделирање на социјална бизнис идеја“.

„Преку оваа работилница ќе може да го проширите вашето знаење за социјалните бизниси и ќе научите како да креирате и развиете сопствени социјални бизнис идеи. За сите учесници на сите три настани следува сертификат“, стои во најавата.

Линк за пријавување: https://forms.gle/cE4TLYQQsRv97RLYA

Повеќе инфо за програмата во самиот ФБ настан.