Онлајн проекција на филмот „Во срцето на Балканот барајќи го рисот

Националниот Парк „Маврово“ најавува дека утре (недела, 26 април) од 20 часот ќе се прикажува филмот „Во срцето на Балканот барајќи го рисот“.

„По тој повод, ве повикуваме во горенаведениот период да бидете пред вашите: компјутери, таблети, мобилни телефони и да уживате во овој прекрасен филм“, велат од НП „Маврово“.

Филмот ќе може да се гледа на следниов ЛИНК.

Инаку, Радио МОФ објави тема за балканските рисови што обединија три држави. Лиса и Филипче се два балкански риса од Националниот парк „Маврово“. Но, нивната приказна е далеку од романса. Кога во неа се замешува човекот таа сè повеќе наликува на трагедија. Покрај нив во светот се преостанати уште 40-тина единки балкански рис, распределени во три соседни држави каде заштитата на животната средина е релативно ниско на листата на државни приоритети. Токму активностите на луѓето го доведоа балканскиот рис на работ на изумирање.

По трагите на Лиса и Филипче, балканските рисови кои обединија три држави