Онлајн настан на „Еквалис“ – Разговор со активистка: Драгана Гунин

„Уметноста има своја активистичка страна. Улогата на уметниците во време на општествена неправда не е да молчат туку, напротив, со својата уметност да се исправат пред неправдите и да им пркосат“, велат од „Еквалис“, кои во сабота (21 ноември) организираат концептурален онлајн месечен настан „Разговори со граѓански активист(к)и“.

Како активистка и уметница оваа сабота од 11 часот гостува Драгана Гунин.

Од „Еквалис“ велат дека Драгана е карактеристична по тоа што, со својата професија на режисерка, има испратено силни активистички пораки низ своите претстави.

„Нејзината улога на активистка и учеството во многу протестни движења ја прави всушност и посензибилна да ги вметне овие важни контексти за борба за демократија и во своите претстави“, се вели во соопштението за настанот.

Соработничките на Драгана за неа би рекле дека е „динамична театарска режисерка, којашто знае да направи спој од идеи и чуства, воедно и психологинка, којашто знае да го разбере и води партнерот во процесот“.

Драгана, истовремено, е и активистка за човекови права и правата на животните.

„За потребата на уметноста да остане будна, гласна и ангажирана за општествените неправди, регистрирајте се да учествуваш во разговорот со Драгана на следниот линк: https://cutt.ly/Wg8ZC1x“, соопштуваат од „Еквалис“.