Онлајн концерт на раперите Кацар и Џоле од Токсиколози

КСП Центар Јадро продолжува со својата серија на онлајн концерти.

Во сабота (15 мај) во 18:00 часот ќе настапат Кацар и Џоле од рап колективот Токсиколози, а како гостин ќе се појави и младиот рапер Викса од екипата 412.

Настанот ќе може да го проследите на Facebook профилот на КСП Центар Јадро или директно на овој ЛИНК.