На 31 мај во 17:30 часот ПаРитер и Тииит! Инк. организираат онлајн дискусија за менструалната сиромаштија во Северна Македонија и Хрватска.
Панелистки се жени коишто се активни на полето на искоренување на менструалната сиромаштија од двете земји: Теодора Крстевска, советничка во Советот на Град Скопје, Северна Македонија; Сандра Крпан, заменик-градоначалничка на Риека (Хрватска); Јана Коцевска и Елена Петрова од организацијата Tiiiit! Inc., Северна Македонија; д-р Ана Марија Сикириќ Симчиќ, доцент на Факултетот за економија и бизнис на Универзитетот во Риека, Хрватска; Маринела Матејчиќ, Програмски координатор за женски права и репродуктивна правда во ПаРитер Теодора и Милеска од Period. Менструалното движење Скопје, Северна Македонија.
„Дебатата за менструалната сиромаштија и, секако менструалната правда постепено зазема поголеми размери, и е проследена со значајни промени во јавниот дискурс и во достапноста на бесплатни менструални производи во различни образовни институции. Заради ова, со задоволство ве покануваме на нашата отворена дискусија за различни модели за обезбедување пристап до менструални продукти за жените, девојките и генерално лицата коишто користат менструални производи“, најавуваат организаторите.
Дискусијата ќе биде на англиски јазик а ќе се емитува во живо на следнава Фејсбук страница.