Онлајн бројач на јавниот долг на Македонија

Јавниот долг на Република Македонија повторно може да се следи на Интернет, преку веб сајт на кој е објавен онлајн бројач.

Како што покажува апликацијата, во моментов на објавување на текстот, секој граѓаните е задолжен со повеќе од 2000 евра, додека јавниот долг изнесува 4,4 милијарди евра.

Бројачот може да се следи ОВДЕ.

Целта на овој сајт, како што се наведува, е да ја зголеми информираноста за јавниот долг во Македонија и да придонесе за зголемување на транспарентноста на јавните финансиии.

Податоците кои се прикажани на бројачите се ПРОЦЕНКИ, на база на последните официјални податоци од Министерството за финансии и Државниот завод за статистика. Како се прават проценките може да се види со КЛИК на бројачите.

Според најавата, проценките редовно ќе се ажурираат,според новите податоци за јавниот долг од страна на Министерството за финансии (вообичаено, на секои три месеци).

Минатиот месец ваков бројач беше објавен од страна на Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии при Македонската Академија на науките и уметностите. По критиките од власта, овој бројач за неколку дена беше тргнат од интернет.