ОН: Бројот на присилно раселени ќе надмине 130 милиони

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) објави дека бројот на присилно раселени или лица без државјанство се очекува да надмине 130 милиони до крајот на 2024 година.

„Повеќе од 130 милиони луѓе се очекува да бидат насилно раселени или да останат без државјанство до крајот на 2024 година. УНХЦР се залага за заштита на овие луѓе“, соопшти УНХЦР на социјалните мрежи.

Од своите партнери тие побараа итна финансиска поддршка.

Во извештајот објавен на 25 октомври, УНХЦР наведе дека проценетиот број на присилно раселени поради тековната војна, насилство и кршење на човековите права ширум светот се зголемил за четири милиони меѓу јуни и септември оваа година, надминувајќи 114 милиони.