Олимписки медал за С. Македонија, Дејан Георгиевски се пласираше во финалето во теквондо

Македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски се пласираше во финалето на турнирот во теквондо во категоријата над 80 килограми на Олимписките игри во Токио и ќе се бори за златен медал против Русинот Владислав Ларин.

Георгиевски го победи претставникот на Јужна Кореја, Дон Кјо Ин, со резултат 12-6 и со тоа практично обезбеди најмалку сребрен медал, што ќе биде првиот медал за на Олимписки игри за Северна Македонија по 21 година.

Георгиевски утрово победи и во борбите со Кубанецот Рафаел Алба Кастиљо во осмина-финалето, а во четврт-финалето го победи Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска.

Финалето во кое Георгиевски ќе се бори за златото е на програмата од 14:45 часот.