Одржано Националното дебатно првенство

Првото место на Националниот дебатен турнир го освои тимот составен од Соња Митиќ, Калина Прелиќ и Кристина Маџоска, додека второто место им припадна на Петар Барлаковски, Матеа Коцевска и Михаела Миова.

Турнирот се одржа со поддршка на универзитетот ФОН, а првите тројца говорници ќе добијат целосни стипендии за студирање на овој универзитет. Најдобриот говорник на турнирот е Соња Митиќ, втор најдобар говорник е Кристина Маџоска, а третото место и припаѓа на Ана Арсовска.