Одбележување на Светскиот ден на млади 2015 во МКЦ

Во рамките на Youth Voice кампањата, Y-PEER ги најавува интерактивните работилници и панел дискусијата на тема „Значењето и можностите за поголемо вклучување на младите во општеството” на 12 август, среда во Младинскиот Културен Центар- Скопје.

Неколкучасовниот настан започнува во 10:30 часот, а се организира во соработка со Националниот младински совет на Македонија и Balkan Action 2015, поддржани од Фондот за население и Програмата за развој на Обединети нации за Светскиот ден на младите 2015.

Во рамките на програмата на настанот се предвидени неколку интерактивни работилници:  Степени на младинско учество; Одржливи развојни цели; Презентација на театар на сенки и Младински разгледници.

Во периодот од 11:30 до 12:30 часот ќе се одвива панел дискусија „Значењето и можностите за поголемо вклучување на младите во општеството”. Панелисти се Луиза Винтон – Постојан координатор на Обединетите нации, Зорица Стаменковска- Претставник на Агенцијата за млади и спорт, Дамјан Николовски- Претседател на Националниот младински совет, Стефан Маневски- Координатор на иницијативата Balkan Action 2015, Јордан Атанасовски- Потпретседател на АРНО и Ангела Соколовска- Претставник на Советот на млади на Американската амбасада.

По завршувањето на дискусијата ќе бидат прогласени победниците од конкурсот за дизајн на младинска разгледница.