Конкурс за дизајн на младинска разгледница

Во тек е конкурсот за разгледници на Y-PEER Македонија, на тема младинско учество кој истекува на 05.08.2015.

Разгледницата треба да повикува на младинско вклучување и учество при создавањето на развојните политики на светско ниво (препорачуваме: информирајте се за развојната агенда на ООН и улогата на младите во истата).

Разгледницата треба да е дизајнирана во димензии 105 mm х 148 mm и да се достави во еден од следните формати AI, EPS, PDF (со задолжителен приказ во JPG); доколку визуелното решение е фотографија да се достави во 300 DPI со димензија 105 mm x 148 mm.

Победничкото визуелно решение ќе се печати во тираж потребен за кампањата Youth Voice и ќе се награди со -Pen Tablet Pro.

Повеќе информации за конкурсот може да се погледнат на следниот линк.