Од утре, Париз станува првата европска престолнина што ги забранува е-тротинетите

Париз од утре станува првата европска престолнина која официјално ги забранува електричните тротинети од своите улици.

Ваквата мерка следи откако парижаните на јавен референдум гласаа за забрана на е-тротинетите, сметајќи дека создаваат небезбедност на јавните простори.

Денес, 31 август, е последниот ден кога електичните тротинети можат да се возат низ главниот град на Франција, а веќе од 1 септември, стапува на сила официјалната забрана за нивно користење.

Трите оператори за електрични тротинети ќе ги изгубат своите дозволи за окупација на јавните простори, откако во април, 90 отсто од јавноста гласаше дека „не“ за користење на електричните превозни средства.

Од почетокот на август, 15.000 тротинети постепено беа отстранувани од улиците, за веќе при крајот на месецот да се достапни само мал број електрични тротинети, во центарот на Париз.

Според операторите, во 2022 година, 400.000 лица ги искористиле е-тротинетите за движење низ градот.

Париз изгласа да се забранат е-тротинетите на изнајмување