Од петок продолжува да важи бесплатниот превоз за возрасни лица, соопштуваат од ЈСП

Од петок (29 мај) продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (за жени над 62 години и мажи над 64 години) во вторник, петок, сабота и недела, соопштуваат од ЈСП.

Оттаму апелираат на рационално користење на превозот, но и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид-19.

https://www.facebook.com/jspskopjee/posts/2004116709718842

По укинувањето на полицискиот час, вчера од ЈСП исто така информираа дека јавниот превоз во Скопје од денеска продолжува да функционира вообичаено, односно, без временско ограничување.

Целиот возен ред е достапен за преглед на веб-страницата на ЈСП Скопје.

Автобусите на ЈСП од утре ќе сообраќаат без временско ограничување, по саботен возен ред