„Од петок повеќе нема да има доволно храна за кучињата“ – велешките активисти бараат помош за да го одржат стационарот

Велешките активисти од Здружениот „Гласот на животните“ соопштија дека од петок повеќе нема доволно храна за бездомните кучиња што ги згрижиле во нивниот импровизиран стационар. Најголем проблем за нив се финансиите, па преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните да помогнат.

„Дечки, толку е!!! Од петок ќе немаме со што да ги наполниме овие чиничиња и 200 усти ќе останат гладни! Се бориме колку можеме, но поради огромните долгови, НЕМА ДА НИ ДОСТАВАТ ХРАНА! ЌЕ НЕМАМЕ ШТО ДА ИМ ДАДЕМЕ ВО ШЕЛТЕРОТ!!! Веќе паничам!!! Ве молам шерувајте да го платиме долгот,донациите ни се единствената надеж, мораме да ги нахраниме!!“, се вели во апелот на активистката Ана Петровска.

Радио МОФ веќе пишуваше за импровизираниот стационар, кој има за цел да ги тргне животните од улица. Во одржувањето на стационарот се вклучени волонтери.

Велешки активисти згрижуваат улични животни во импровизиран стационар

➡️ СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ:
Здружение за заштита на животните ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ Велес
ДЕНАРСКА СМЕТКА: 300270000101436
ДЕПОНЕНТ: КОМЕРЦИЈАЛНА Банка АД Скопје
Назнака:За Храна
Донирате по своја желба !!!

PayPal:info@savingmacedonianstrays.org.uk