„Од на срамот“ – тепих од огромни банкноти ја критикува посетата на Папата во Лисабон

Алармиран од високата сума од државниот буџет одделена за посетата на Папата во Лисабон, португалскиот уличен уметник Артур Бордало, познат под името Бордало II, направи уметничка инсталација во јавен простор, нарекувајќи ја „Од на срамот“, јавува „Евроњуз“.

Папата го посети Лисабон денес, а неговата посета ќе трае до 6 август, во рамки на глобалниот собир на млади католици.

Сумата која Португалија ја издвои за посетата е 161 милион евра, па Бордало постави инсталација на местото каде што Папата ќе одржи миса.

Бордало, кој е познат по својата политички ангажирана уметност, постави огромен тепих составен од големи банкноти од 500 евра, со цел да го искритикува големиот буџет издвоен од јавни средства кој ќе биде потрошен на посетата.

Протестот, кој е опишан од уметникот како „Од на срамот“ доаѓа откако португалските жители се борат со големата инфлација и финансиски потешкотии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bordalo II (@b0rdalo_ii)

„Во секуларна држава, во време кога многу луѓе се борат да ги одржат своите домови, работни места и својата чест, државните средства се инвестираат за спонзорирање на тура на италијански мултинационалец. Habemus Pasta“, гласела објавата на Инстаграмот на уметникот.

Посетата на Папата е платена од страна на Португалската Влада, градскиот совет на Лизабон и Католичката Црква. Португалските власти за посетата одвоиле 30 милиони евра.