ОБСЕ со повик за апликации за Советодавната група на млади

Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави повик за членови на Советодавната група на млади (Youth Advisory Group – YAG), чија цел е да обезбеди интегрирање на претставничките младински гледишта во политиките, планирањето и програмските активности на Мисијата, пренесува агенцијата Мета.мк.

Групата ќе дава значаен придонес во однос на младинските потреби, приоритети, аспирации и предизвици, како и во подигање на свеста за овие прашања и промовирање на вредностите на ОБСЕ.

YAG има за цел да обезбеди младинска перспектива за младинските и други прашања што произлегуваат од приоритетите на Мисијата, вклучително и спроведување и евалуација на активностите.

Повикот е наменет за 7 до 9 граѓани на Република Македонија, на возраст од 15 до 29 години, кои течно зборуваат англиски јазик и имаат желба да придонесат за позитивни промени во своите заедници.

Рокот за пријавување е до 15 август 2025 година, а како што објавија од ОБСЕ, сите кандидати ќе добијат потврда за прием на апликацијата, но само избраните во потесен круг ќе бидат контактирани за следните чекори.

Повеќе информации на официјалниот повик на ОБСЕ.