[Обновено] Спасувачка операција за извлекување на децата заробени во пештера во Тајланд

Спасувачките екипи утрово продолжија со акцијата за извлекување на тајландските момчиња од поплавените пештери, а според последните информации денеска се извлечени  уште четири момчиња. Ова беше потврдено од тајландските маринци на својот профил на Твитер.

Вчера, спасувачите успеаја да спасат четири момчиња. Операцијата беше прекината во вечерните часови по локално време поради потребата да се наполнат резервоарите со кислород.

Во пештерата повеќе од две недели беа заробени 12 деца, дел од фудбалски тим, заедно со нивниот тренер. Спасувката акција за извлекување на тренерот и четирите момчиња е одложена за утре.