Објавена монографијата „Конопот во Македонија“

Од „Операција ослободување“ соопштуваат дека по пет години работа, денес од печат излезе монографијата „Конопот во Македонија“. Автор на монографијата е Влатко Деков.

„”Конопот ја играше улогата на магичен дух кој ги поврзуваше луѓето во некоја заедничка свест во која доминираа љубовта, имагинацијата, добрината и заедништвото, а кај значаен број на консументи и интелектуализмот“, пишуваат од „Операција ослободување“.

Оттаму додаваат дека конопот како билка се ширел на ист начин како човештвото, а се смета дека конопот значитело придонел за развојот на цивилизацијата.

Монографијата е достапна во книжарницата „Или-или“, „Три“ и онлајн книжарницата kupikniga.mk, а наскоро ќе може да се најде и на други места низ целата држава.