НССРСМ објави повик за авторски дела за аудиомагазинот „Панорама“

Националниот сојуз на слепи лица на Република Македонија (НССРСМ) објави дека од почетокот на 2023 година ќе продолжи со издавање на „Панорама“, аудиомазин наменет за слепи лица.

Од Сојузот ги повикуваат заинтересираните што имаат материјали како песни, приказни и авторски дела кои сакаат да бидат објавувани, НССРСМ ќе ги вклучи во списанието. Потребно е авторските творби да се испратат на електронската пошта panorama@nssrm.org.mk со назнака во насловот на пораката „За објава“.

Исто така, Сојузот до сите членови и луѓе заинтересирани што сакаат да го слушаат аудиомагазинот може да се претплатат самостојно со кликање на овој линк и пополнување на формуларот што ќе им се отвори, или, пак, да се обратат во најблиското здружение на слепи лица до нив, па да побараат секретарот на здружението да го пополни овој формулар во нивно име.

„Списанието ќе се доставува на домашна адреса на членот/слушателот, односно на електронската пошта на слушателот, зависно од тоа кои податоци се внесени во формуларот“, соопштува НССРСМ.

„Панорама“ ќе се изработува под покровителство на НССРСМ во тесна соработка со ЕСИ РАДИО и ќе биде целосно бесплатно за слушателите.