Нови 19 нови случаи на Ковид 19

Денеска се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19 и оздравени се 4 пациенти, информираше Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во последните 24 часа се направени 2.518 тестирање, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19:
Тетово – 11, Скопје – 8. Оздравените пациенти се од Скопје, Прилеп и Тетово.

Не се регистрирани починати пациенти.

Најмногу активни случаи во моментов има во Скопје 56, Тетово 34, Кичево 13, Куманово и Охрид по 11 случаи.

Направени се 2.518 тестови преку: ИЈЗ-137, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-35, ЦЈЗ Прилеп-20, ЦЈЗ Тетово–22, ЦЈЗ Куманово–13, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 13, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–17, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-43, Авицена-136, Биотек-163, Систина-58, лабораторија Лаор-115, Синлаб-16, Ремедика-14, Плодност–20, Генеа–10, Никоб лаб-553, ВФВ Медикал-30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.061.

Досега во земјата се направени вкупно 900.165 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, бројката на оздравени пациенти е 150.118, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 156.