Нова телескопска фотографија на која се спојуваат две спирални галаксии ја предвидува судбината на Млечниот Пат

Телескопот „Џемини норт“ сними нова фотографија на која се забележуваат две заплеткани галаксии за кои се претпоставува дека за милиони години од сега ќе се спојат во една, што ја предвидува судбината и на нашата галаксија – Млечен Пат.

Телескопот е поставен на врвот на заспаниот вулкан Маунакеа на Хаваи, ги забележал спиралните галксии што се во интеракција на околу 60 милиони светлосни години од нас во соѕвездието Деница.

Станува збор за галаксиите именувани „NGC 4567“ и „NGC 4568“ кои се познати и како „галаксии пеперутка“. Според снимката, тие штотуку започнале да се судираат поради привлечните сили на гравитацијата.

За 500 милиони години, двата космички системи ќе го завршат процесот на спојување по што ќе се формиран една галаксија во форма на елипса.

Во оваа рана фаза, центрите ан двете галаксии се наоѓаат на растојание од 20.000 години и секоја од нив ја има здржано својот облик во форма на вртелешка. Како што галаксиите стануваат се позаплеткани, гравитациските сили ќе доведат до повеќе настани на интензивно формирање на ѕвезди. Оригиналните структури на галаксиите ќе се променат и искриват.

Со текот на времето тие ќе „танцуваат“ една околу друга во кругови што ќе стануваат сѐ помали. Овој цврсто обвиен танц ќе ги истегне долгите струи на гас и ѕвезди по што ќе предизвика мешање на двете галаксии во нешто што наликува на сфера.

Откако ќе изминат милиони години, овој заплет на галаксиите ќе го потроши или распрсне гасот и прашината потребна за создавање на ѕвездите што ќе предизвика да се забави и на крајот сосем да запре процесот на формирање на ѕвезди.

Набљудувањето на други галактички судири и компјутерското моделирање им овозможи повеќе докази на астрономите дека спојувањето на спирални галаксии создава елипсовидни галаксии.

Слично спојување ќе се случи и со Млечниот Пат, кога ќе се судри со најблиската галаксија Андромеда. Астрономите од НАСА ги искористија податоците на „Хабл“ во 2012 за да го предвидат кога би можел да се случи судирот меѓу овие две спирални галаксии. Според проценките, овој настан би требало да се случи за 4 или 5 милијарда години од сега.

Според истражување направено од податоците што „Хабл“ ги произведе во 2020 година, во моментов масивен ореол што ја опкружува Андромеда се судира со ореолот на Млечниот пат.

Ореолот на Андромеда е голема обвивка на гас што се протега на 1,3 милиони години од галаксијата е речиси на половина пат до Млечниот Пат .

Овој сосед, што веројатно содржи еден трилион ѕвезди е по големина сличен на нашата галаксија и е оддалечена само 2,5 милиони светлосни години. Тоа можеби звучи премногу далеку, но според астрономската скала тоа ја прави Андромеда толку блиску што е видлива во есен е видлива и на нашето небо. Изгледа како светлина во облик на пура високо на небото за време на есен. Ако можеме да го видиме масивниот ореол на Андромеда што не е видлив со голо око, тој ќе биде три пари поголем од соѕвездието Голема Мечка што прави се друго околу во небото да изгледа многу мало.

Научниците од НАСА велат дека не е веројатно дека нашиот сончев систем ќе се уништи кога ќе се спојат Млечниот Пат и Андромеда, но сонцето можеби ќе се премести во нов регион на галаксијата и ноќното небо на Земјата можеби ќе добие нови спектакуларни изгледи.