Нова слика од балканскиот рис на Галичица

Деновиве во Национален парк „Галичица“ е направена нова слика од балканскиот рис, со помош на фото замките кои се поставени на планината, откако пред неколку недели за првпат по неколку децении беше потврдено присуството на рисот во овој дел од земјава.

Овојпат, фотографијата е направена од многу поблиску, и јасно се гледаат шарите на рисот, кои ќе бидат потребни за да се идентификува оваа единка и да се следи во иднина.

Инаку, во светот се преостанати уште 40-тина единки балкански рис, распределени во трите соседни држави – С. Македонија, Косово и Албанија. Овој вид животно е на раб на изумирање според Црвената листа на загрозени видови.

По трагите на Лиса и Филипче, балканските рисови кои обединија три држави