Нова игра на Facebook Messenger, корисниците може да играат кошарка

Социјалната мрежа Фејсбук криела уште една игра во својата популарна апликација за разговор.

Овој пат, станува збор за кошарка, па така, ако корисник сака да ја почне играта, треба само да испрати емотикон во форма на баскет до друг корисник и да ја допре топката. Играта го предизвикува корисникот да направи што е можно повеќе погодоци по ред, поместувајќи ја топката со прстот.

Секогаш кога корисникот ќе успее да погоди, се појавува емотикон што му честита, но ако промаши, корисникот добива тажно лице. Ако тој успее да добие десет поени по ред, таблата почнува да се движи за да ја направи играта потешка. Messenger, исто така, води сметка за тоа колку поени прави секој играч.

Минатиот месец, апликацијата овозможи, исто преку скриен код, корисниците да играат шах.