Норвешка стана првата држава која забрани сеча на дрва

Норвешка од завчера е првата земја во светот која забрани сечење на дрва, што е огромен чекор кон намалување на глобалната намалување на шумските површини.

Со темпото со кое се движиме, сите дождовни шуми во светот сосема ќе исчезнат за 100 години.

Норвешкиот парламент се обврза и да најде начин да се снабдува со потребните производи како палмино масло, соја, говедско месо и дрво за градба, кој ќе остави мало или никакво влијание на нивниот екосистем. Норвешка на ова се обврза на Климатскиот самит на ОН во 2014 година, заедно со Германија и Обединетото Кралство, пишува CNN.

Според Обединетите нации, производството на палмино масло, соја, говедско и дрвени производи придонесува за речиси половина од тоталното намалување на тропските шуми.

Кога шумите се исечени и запалени, јагледот во дрвата се ослободува како јаглероден диоксид – најзастапениот стакленички гас кој придонесува за климатските промени.

Норвешка ја покажа и својата посветеност кон почиста средина на други начини.

Во 2008 година, земјата му даде на Бразил една милијарда долари да помогне во борбата против сечата на дрва во амазонските дождовни шуми – со што сечењето беше намалено за 75 посто во рок од седум години.

Норвешка е исто така во процес на забранување на продажба на автомобили кои работат на фосилни горива до 2025 година.