Норвешка планира целосно да ги забрани автомобилите со мотори на бензин

Норвешка ќе ја забрани продажбата на автомобили кои користат фосилни горива во следната деценија, продолжувајќи го трендот на кој се приклучија голем број еколошки прогресивни земји.

Политичарите од двете страни одлучиле 100 отсто од норвешките автомобили да функционираат со зелена енергија до 2025 година, напиша норвешкиот весник „Dagens Naeringsliv“.

Сепак, некои претставници на владејачката партија негираат дека предлогот е веќе усвоен. Но, ако помине ќе биде од особено значење, бидејќи голем дел од средствата на Норвешка се потпираат на нафтената индустрија во земјата.

Доколку мерката се потврди, таа ќе биде поамбициозна и од предлогот на Лабуристичката партија која предложи да не се продаваат автомобили со дизел мотори до 2030 година.

Четирите партии, кои владеат заедно преку систем на пропорционална застапеност, исто така, се согласуваат дека е потребна ваква мерка.

Речиси 24 отсто од автомобилите во земјата работат на струја, додек 99 отсто од електричната енергија се добива од хидроцентралите.

Норвешка, исто така, има за цел тројно да го зголеми својот капацитет на ветерни електрани до 2020 година, со нови инвестиции вредни три милијарди долари, одобрени во 2013 година.

Во објавата на весникот, исто така, пишува дека Норвешка ќе стане првата земја во светот која ќе се залага за целосно запирање на сечата на дрвја.