Норвешка е првата скандинавска земја која има корист од кинеската безвисна шема, што има за цел да го поттикне туризмот. Земјата беше последната која Кина ја додаде на листата.
Полска, Австралија и Нов Зеланд исто така добија неограничен влез во Кина до крајот на 2025 година.
Од почетокот на 2024, шемата беше најавувана во фази, со 11 други европски држави и Малезија кои исто така добија безвизен пристап. Целта е да се охрабрат што повеќе луѓе да ја посетат Кина туристички или за бизнис и да ги промовораат размените меѓу кинеските и државјаните на другите националности.
Жителите на Австрија, Белгија, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Шпанија и Швајцарија се меѓу европските земји кои можат да влегуваат во Кина без виза до крајот на следната година. Полските државјани се приклучија на листата на 1 јули годинава.
Сè уште не е најјасно кога политиката ќе биде отворена за Норвежаните.
„Целта е да се олесни висококвалитетниот развој на размената на кинески и странски персонал и отворањето кон надворешниот свет да се подигне на повисоко ниво“, изјави потпаролот на министерството за надворешни работи на Кина на брифингот во ноември.
Строгите пандемични мерки на Кина кои вклучуваа и карантин за оние кои доаѓаат однадвор, обесхрабри многу луѓе од тоа да ја посетуваат земјата во последните три години. Рестрикциите се укинаа на почетокот на минатата година, но меѓународните патувања допрва треба да се вратат на нивото на кое беа пред пандемијата.
Кина претходно им дозволуваше на жителите на Брунеи, Јапонија и Сингапур да влегуаат без виза, но го суспендираше тоа по избувнувањето на Ковид-19. Во јули го продолжи безвизниот режим за Брунеи и Сингапур, но остана затворена за Јапонија.
Во 2023 година Кина регистрираше 35.5 милиони влезови и излези од странци што се споредува до 97.7 милиони за цела 2019 година, последната пред пандемијата.