Ноќеска Скопје беше најзагаден град во светот

Ноќеска по 1 часот, Скопје, се најде на првото место во светот, како град со најзагаден воздух. Индексот на загадување беше 430, а на врвот на листата беше во друштво со Индија и Бангладеш. Четвртото место му припадна на Пакистан, а петтото на Косово.

Вчера, по надминување на Прагот на информирање, каде вредноста на ПМ10 честичките во воздухот над 100 µg/m3 во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици, Град Скопје објави неколку препораки до граѓаните.

Препорачуваат да се избегнува користењето на возила или да се споделување превозот, да се избегнува седење на отворено, да не се горат штетни материјали, да се чистат оџаците.