Њујоршките рапери „Оникс“ доаѓаат на „Д фестивал“

Од „Password продукција“ информираат дека на овогодишното издание на музичкиот фестивал ДФест, од   њујоршкиот Queens, доаѓаат раперите „Оникс“.

Рап групата ќе настапи на главната фестивалска бина во време кога прославува 30 години од издавањето на албумот „Bacdafucup“.

„Со својата работа тие во секој поглед длабоко влијаеја на глобалната популаризација на хип хоп културата, заедно со многубројни соработници од калибарот на Wu-Tang Clan, Snoop Dogg, Cypress Hill“, велат од „Password продукција“.

Инаку, досега на „Д Фестивал“ меѓудругите се најавени домашните бендови „Peach Vice“ и „Смат“, потоа уметницата Зарина Првасевда и составот „Баклава“, култните треш-металци „Креатор“, грчкиот рок-бенд „1000Mods“, псај-техно диџејката Индира Паганото, раперката Мими Мерцедез, пејачката Алина Паш и инди-рокерите „КОИКОИ“.

„Д Фестивал“ ќе се одржи од 30 јуни до 2 јули во Дојран.

Нова група артисти најавени за „Д Фестивал“