„Д фестивал“ годинава ќе се одржи на 13 и 14 август

Музичкиот фестивал „Д фестивал“ во Дојран годинава ќе се одржи на 13 и 14 август, информираа организаторите денеска преку нивната Фејсбук страница.

Тие велат дека е и официјално потврдено дека фестивалот ќе се одржи годинава, додавајќи дека се конечно во можност да стават крај на неизвесноста и по релаксираните мерки и без полициски час да го закажат фестивалот со нов датум.

„Драги Д пријатели, неизвесноста со пандемиската состојба е секојдневен предизвик во цел свет поради кој нашите првично посакувани датуми за годинашното издание се нереални за продукција на настан како нашиот, но среќни сме дека конечно имаме услови да ја потврдиме новата Д-дружба! Веќе доволно бевме разделени, а плус тоа ова лето означуваме и цела деценија од нашата прва средба“, стои во објавата на Фејсбук.

Оттаму велат дека детали ќе ги објават наскоро.

„Ви благодариме за трпението во сета неизвесност. Време е повторно заедно да создадеме цел еден поубав свет на Д ФЕСТИВАЛ 2021“, додаваат тие.