„Ние, Хероините“ – форум со фокус на предизвиците на жената во општеството утре во „Јавна соба“

Форумот „Ние, Хероините“ во чиј фокус во рамки на утрешниот настан е жената и предизвиците со кои се соочуваат жените во општеството ќе се одржи во 11:00 часот во просториите на „Јавна соба“.

„Овој еднодневен форум има за цел да ги руши бариерите, споделувајќи мислења за одредена тематика од страна на професионалци, но и животни приказни, ставајќи акцент на вистинските прашања за кои треба сериозно да се размислува“, велат организаторите од платформата „BW2CLUB“.

За време на панел-дискусиите предвидени во програмата ќе може да се слушнат информации и искуства од страна на ескперти од засегнатите области, како и инспиративни приказни од жени кои се соочувале и сè уште се соочуваат со разни предизвици, жени кои успеале да победат и продолжиле и после низа порази, но сепак стигнале до остварување на своите цели.

Првата дискусија ќе се одржи во 11:30 часот на тема „Предизвиците на жените кои поминуваат низ процесот на Ин Витро (IVF) фертилизација“. Модераторка ќе биде Ксенија Николова, а говорници ќе бидат Д-р Татјана Гуржанова, Доц. Д-р Валентина Сотироска, Зоја Самандова Петрушева.

Следната дискусија, според распоредот, ќе започне во 13:00 часот и ќе биде на тема „Предизвиците на жените во бизнисот“. Неа ќе ја модерира Олга Рајчиќ, а ќе говорат Ангелка Пеева Лауренчиќ, Александра Бела Белчева Атанасовска, Калина Трајаноска

Во 14:00 часот ќе има куса панел презентација на Зорица Бужаровска Бошковска од Кариера.мк, а потоа следува третата дискусија на тема „Предизвиците на самохраните мајки“ што ќе ја модерира Розалија Секулоска. На последната дискусија ќе говорат Дороти Пачкова, Јана Стојановска, Љупка Митрова

Организаторите на настанот истакнуваат дека целата е тој да прерасне во традиција и да се одржува секоја година, обработувајќи различни теми.