„(Не)Врзани движења/ Критични движења“ во Младински културен центар

Тимот на „Локомотива“ информира дека од 16 до 24 април во Младинскиот културен центар се одржува резиденција (Не)Врзани движења/ Критични движења резиденција. Се работи за истражувачки престој на Нина Гојиќ, Дарио Барето Дамас, Викторија Илиоска и Александар Георгиев.

„Резиденцијата ќе ги истражува кореографските и танцови практики на авторите кои се активни во регионот, преку процес на заедничка дискусија, размислување и пишување. Нивната работа и истражување се насочени кон продлабочување на кореографските процеси преку драматуршка соработка и споделување. За време на резиденцијата овие четворица автори ќе имаат и средби со локални уметници и културни работници, и ќе ја прошират својата мрежа на соработка“, стои во најавата за резиденцијата.

Истражувачката резиденција е дел од програмата Современа кореографија и танц реализирана во рамки на проектoт (Не)Врзани движења, Министерството за култура, Град Скопје и Креативна Европа/Европски проекти на соработка на Западен Балкан.