Невладините и Владата седнаа да го решаваат проблемот со гинеколози во Шуто Оризари

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека оствариле средба со претставници на невладини организации и претседателот на Здружението на гинеколози на Македонија, на кој се зборувало за законската регулатива на бремените жени, посебно на жените Ромки.

На средбата, соопштуваат од Министерството, невладините организации ги искажале проблемите со кои секојдневно се соочуваат жените Ромки.

Поголем број од нив за првпат со гинеколог се сретнуваат кога ќе дојде време за породување, а неретко се случува од болница да бидат вратени затоа што немаат здравствени легитимации, иако се итни случаи.

Министрите за труд и социјална политика и за здравство најавиле дека ќе работат на решение на проблемот и дека заедно со директорот на  Фондот за здравство ќе разговаараат за можните решенија.