Невена Тодоровиќ, „Skopje Youth Summit“: Многу може да научиме едни од други, иако доаѓаме од различни делови на светот

Од 3 до 5 декември во МКЦ СКопје ќе се одржи „Skopje Youth Summit “ (Младински самит Скопје) на кој ќе учествуваат 200 млади активисти за човекови права, претставници од граѓанскиот сектор, артисти и млади политичари од целиот Западен Балкан. Невена Тодоровиќ, од SYM, во кусо интервју за Радио МОФ зборува за настанот, темите годинава и активизмот на младите.

Што ќе понуди и на кои теми ќе се стави главен акцент на годинешниот самит?

Ова е десетиот по ред самит кој го организира Иницијативата млади за човекови права, а ќе се занимава со различни облици на активизам – преку спорт, уметност, онлајн и офлајн акции. Како млади европски граѓани од Балканот, ќе го истражуваме односот на Западен Балкан и Европската Унија – каде стоиме во процесот на пристапување во ЕУ и какви се ставовите и приоритетите на нашите земји. Ќе обработуваме и многу други теми, работилници и интерактивни предавања.

Кои се главните говорници кои ќе ги одвоите од годинешниот самит во Скопје?

Многу е тешко да се одговори на ова прашање, бидејќи како говорници доаѓаат фантастични луѓе, но мислам дека за локалната публика ќе биде интересно тоа што доаѓаат активисти и претставници од граѓанскиот сектор од Хонгконг , Венецуела, Ерменија, Зимбабве луѓе кои работат на неверојатно важни работи во своите држави.

Колку младите во земјава се подготвени да се борат за застапување на основните човекови права? Колку им е важен активизмот?

Сметаме дека дека младите Македонци и Македонки се докажаа дека и тоа како имаат што да кажат, дека се храбри и дека умеат да се борат за своите и правата на другите, да препознаат неправда и да ја бараат вистината. Точно и поради овие причини решивме овој овогодишен „Youth Summit“ во Скопје да се зборува за борбата за човекови права и слободи и резултатите кои младите на овие простори ги постигнаа во таа борба. Младите од оваа земја нас не инспирираа и сакавме дел од тоа чувство да го споделиме со остатокот од регионот. Секако – борбата не е завршена, многу лесно може да се вратиме на стариот шаблон и затоа е многу важно константно да се води дијалог и да се зацврстува врската помеѓу организациите на Балканот.

Колку е важно вмрежувањето на младите од регионот? На кои начини може да се подобрат релациите / конекциите меѓу младите ?

Колку и да мислиме дека сме различни во овој регион, всушност имаме многу сличности и делиме ист менталитет, култура, историја, но за жал делиме и многу заеднички проблеми. Авторитарните режим и масовно кршење на човековите права не се непознати на нашите земји како и начините на тој шаблон се навистина слични низ целот Балкан. Важно е да учиме едни од други и да се бориме против идеите на градење национален идентитет на етничка припадност, како и против идеологиите кои нас не тераат да се гледаме како гледаме како непријатели. Кога подобро ќе се запознаеме, кога ќе почнеме да разговараме и да градиме нов и идентитети кои се базираат на вредностите на меѓусебно почитување и почитување на еднаквите човекови права.

На панел-дискусиите се споделуваат искуства од активисти ширум светот. Како овие искуства можат да им помогнат на младите?

Многу може да научиме едни од други, иако доаѓаме од различни делови на светот. На младите кои сега започнуваат да се бават со активизам и човекови права многу ќе им значи да чујат приказни и искуства од искусни активисти, посебно оние кои доаѓаат од затвoрени земји или помалку либерални општества. Понекогаш е доволно да слушнеме дека некој бил доволно храбар да промени нешто во својата средина, како би научиле нешто ново. Во последно време светот делува како да нема простор за оптимизам – иако има вистина во тоа, нашата идеја е дека ваквите размени на искуства се важни и мора да инсистираме на поврзување на младите од сите делови од светот, да ги рушиме предрасудите и да се бориме против омразата, бидејќи навистина можеме многу подобро.

Ангела Илиевска